Познати „Ел“

Лејди Гага: Љубовта е тоа што ни треба на сите во овој миг

-Љубовта е она што ни треба на сите во овој миг. Ви благодарам, „мали чудовишта”, рече Гага.

Лејди Гага: Љубовта е тоа што ни треба на сите во овој миг

Во видеоинтервју за „Ел“ (Elle), Лејди Гага говори за својата кариера, приватниот живот… Смета и дека нејзиниот нов албум „Mayhem“ е „звучно моќен и поетски“, а се осврна и на последната „Греми“ награда.

Најмногу го сака она кога „обожавателите, кога ќе излезе од хотел, ја поздравуваат со стиховите“ од некои нејзини песни… – Навистина уживам во тие мигови, рече таа.

По повод овогодишното „Греми“ за најдобро поп-дуо – со Бруно Марс за песната „Die With A Smile“, Гага им изрази посебна благодарност на своите обожаватели.

-Додека пишувам песни, сè што сакам да правам преку моите песни е да раскажувам приказни коишто ги допираат срцата на луѓето. Да претставам песна со Бруно за посебна љубов е навистина од душа. Љубовта е она што ни треба на сите во овој миг. Ви благодарам, „мали чудовишта”, рече Гага.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Прашана, кој совет би го дала кон помладата себеси, таа рече дека не треба да биде толку строга кон себе. (МИА)

Најнови вести од Познати

To top