Принцезата Кејт Мидлтон вчера јавно му се обрати на светот и откри дека боледува од рак три месеци откако беше во медиумска илегала и започнаа безброј теории на заговор.
Таа вчера во текот на денот прикачи видео на кое му се обраќа на светот, но и британската нација говорејќи дека прима хемотерапии и дека боледува од рак, а веднаш потоа започна нова теорија на заговор за која мислеше дека ќе прекине по објавувањето на оваа вест.
Имено откако се дозна за фотошопираната фотографија на принцезата објавена за денот на мајките осми март, веќе речиси сите со сомнеж и резерва ги земаат сите објавени фотографии и видеа од страна на кралското семејство.
@cristinabrunothemuse1111 AI? why do the pixels around her mouth move, mole vanishes several times when enlarging image. You decide #katemiddleton #royalfamily #royals #royalnews #breakingnews #princessofwales #catherinemiddleton #worldnews #britishroyals #britishmonarchy #englishroyals #foryoupage #viralvideos ♬ original sound – CristinaBrunoTheMuseCreation75
Па така и за ова видео многумина се сомневаат дека е направено со помош на вештачката интелигенција и дека не се појавува самата Кејт во видеото.
Анализираните видеа веднаш започнаа да се шират на Тик Ток, но поради високиот развој на вештачката интелигенција не може да се тврди со сигурност дека е направено на тој начин се додека не го проверат стручни лица.
@ma3imilian Checking for edits, AI or green screen be like 🔍 hope she’s ok 🫶 #katemiddleton #katemiddletonfans #whereiskate #thecrown ♬ original sound – ma3imilian