Познати Бакингемска палата

Кралот Чарлс вo болница, има несакани последици од лекувањето на ракот

Лекарите го советувале кралот да ги откаже сите закажани ангажмани за следниов период, што тој го направил и им се извини на соработниците.

Кралот Чарлс вo болница, има несакани последици од лекувањето на ракот

Британскиот кралот Чарлс е хоспитализиран откако доживеал привремени несакани последици од лекувањето на ракот, потврди Бакингемската палата.

Не е посочено за какви несакани ефекти се работи, но Бакингемската палата го опиша неговото згрижување како помал проблем и додаде дека неговото лекување оди во вистинска насока. Британските медиуми јавуваат дека кралицата Камила не била видена со него во болница. Тој е вратен во Кларенс хаус.

Лекарите го советувале кралот да ги откаже сите закажани ангажмани за следниов период, што тој го направил и им се извини на соработниците.

Чарлс Трети во февруари лани објави дека боледува од рак по операцијата за зголемена простата.

Во октомври, тој накратко го прекина лекувањето додека беше во 11-дневна кралска посета на Австралија со кралицата Камила.

To top