Маскирани крадци упаднале во домот на актерот Киану Ривс во Холивуд Хилс и му го украле пиштолот, објавија американските медиуми.
Полицијата во Лос Анџелес добила анонимен телефонски повик за можен провалник на имотот на холивудскиот актер, но кога полицајците пристигнале во неговиот дом, немало никој, изјавиле полициски извори за TMZ.
Полициските службеници се вратиле пет часа подоцна, околу 01:00 часот по локално време во четвртокот, кога се огласил алармот.
Во тој момент, полицајците забележале неколку мажи кои носат скијачки маски на безбедносните камери како го кршат прозорецот и влегуваат во домот на Ривс, чија вредност се проценува на околу 7 милиони долари, според Њујорк пост.
Еден од осомничените успеал да украде пиштол од домот на Ривс пред да побегне, додаде полицијата. Во тоа време Ривс не бил дома, велат изворите.
Ова не е првпат да биде домот на Ривс да биде мета на крадци – во 2014 година тој се соочи со двајца натрапници.