Ријана е ѕвезда на насловната страница на новиот број на американското издание на магазинот Harper’s Bazaar, а за таа прилика позираше во неколку различни провокативни комбинации.
На самата насловна страница Ријана позираше во црн фустан, а фотографирана од страна ја покажа голата нога. Другите изданија вклучуваат златен корсет, црно боди и фустан со реси.
View this post on Instagram
Сите парчиња кои ги носеше се дел од колекциите на модната куќа Диор, а пејачката неодамна стана заштитно лице на нивниот парфем.
Во насловната страница на мартовското издание на списанието, 37-годишната пејачка и претприемач ги сподели своите размислувања за различни лични теми, вклучувајќи го и нејзиниот долгоочекуван албум, одгледувањето на нејзините деца со партнерот АСАП Роки и нејзината растечка деловна империја.
View this post on Instagram