Познати

„Кому му е гајле со кого спиев“: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ се опушти, деколтето во преден план

„Кому му е гајле со кого спиев“: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ се опушти, деколтето во преден план

Водителот Милан Калиниќ се разведе од сопругата Сандра со која има две деца, а по разводот Сандра изгледа максимално ужива во животот.

Таа стана многу активна на социјалните мрежи каде често објавува моменти од патувањата и ноќните излегувања. На фотографиите и видеата најчесто е придружувана од пријателка.

Сандра викендов уживаше во музика и алкохол во еден белградски локал каде настапуваше пејачот Стеван Анѓелковиќ. На своите приказни на Инстаграм сподели неколку фотографии, а посебно внимание привлече моментот кога ја објави песната на Сека Алексиќ „Родена со волци“.

„Кому му е гајле, моја работа е со кого спиев, секој нека си избере, јас сама избрав“, објави Сандра и додаде срца.

Покрај тоа, таа објави и фотографија на која позира во елегантен црн фустан со деколте, наздравувајќи со чаша вино, што дополнително ги заинтригира нејзините следбеници.

To top