Познати непрепознатлива

Коментарите само се редат: Нивес Целзиус каква речиси никогаш не сме ја виделе (ФОТО)

Нивес Целзиус се одмора во Обединетите Арапски Емирати, а вниманието го привлече со фотографии во издание на кое јавноста не е навикната.

Имено, Нивес моментално престојува во Абу Даби, каде решила да посети џамија и се фотографирала со марама.

Иако јавноста често ја гледа на атрактивни и разголени фотографии, таа сега ги изненади сите носејќи облека која и го покрива целото тело.

Таа на Инстаграм објави серија фотографии направени во харем и накратко напиша: „Неописливо“.

Нејзината објава го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи кои не штедеа комплименти.

„Убава“, „Чудно е да те гледам во таков аутфит, но сепак си убава“, „На згодна жена сè и стои добро“, „Оваа облека одлично ти стои! Ти си најубава“, се некои на коментарите.

Инаку, Нивес пред посетата на Абу Даби уживала во убавините на Дубаи.

Најнови вести од Познати

To top