Познати

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби сосема поинаков тек.

Таа ги изненади сите со одлуката да заработи со „голотија“ продавајќи свои интимни фотографии на позната платформа „Онли фанс“.

– Се обложив со пријател, но и затоа што многумина ми пишуваа на социјалните мрежи дека сакаат да ме видат на тој сајт. Со син ми поминавме низ тежок период, ја продадов гардеробата за да го нахранам. Сега добро живееме од „Онли фанс“, ништо не ни фали, секоја негова желба му ја исполнувам – изјави Милица Дабовиќ за Информер. Поранешната кошаркарка го има синот Стефан (6) кој го доби од кратка и бурна врска, а сега откри како му објаснила на наследникот каде е неговиот татко.

– Стефан праша каде е тато, а јас му реков дека „тато не постои“, односно дека татко му не е добар човек, дека е лажго и крадец. Претходно не зборувавме за него, но тој самиот рече: „Кога ќе пораснам, ќе го тепам затоа што е лош човек“. Останав без зборови, сакав син ми да има татко, му дадов многу шанси, само поради него, но тој ги потроши сите. Не го интересираше сопственото дете – вели Милица.

Една од најубавите жени од јавната сцена вели дека е свесна за својот изглед. Затоа самоуверено позира гола и наплаќа за своите фотографии.

-Горда сум на своето тело, тренирам цел живот, тоа е мој проект. Ми се допаѓа како изгледам на 42 години, зошто да не им го покажам тоа на другите?! Нема да позирам облечена од глава до пети. Ќе покажам делови од телото во зависност од тоа колку плаќаат луѓето. Колку пари, толку музика!

Заедно со нејзините фотографии, Дабовиќ истакна дека содржината не е наменета за малолетници и дека не разбира зошто луѓето сѐ уште толку многу ја осудуваат поради нејзиното сегашно занимање.

To top