Водителот и српски актер Милан Калиниќ од секогаш водел сметка за својот изглед и тело, но сега судејќи по фотографиите кои ги направи позирајќи без маичка на себе – очигледно станал вистински „ѕвер“.
Тој во моментов е во топ форма, а резултатите мораше да ги покаже со следбениците на Инстаграм.
Водителот инаку е на посебен режим на исхрана и вежба напорно секој ден, па резултатот е очигледен и заслужен.
-Ова е форма после точно четири недели режим на исхрана и тренинзи, постигната на 52 години и решив да ги споделам сите тајни на исхраната и тренинзите со вас од агол на еден рекреативец, родител и човек со многу обврски, напиша актерот, заклучувајќи дека кога може тој може секој.
„Аполон“, „Ау,секоја чест“, „браво“, се само дел од коментарите.
Инаку Калиниќ има 52 години и се уште важи за вистински заводник иако е женет и има деца.