Познати Мет гала

Ким Кардашјан со шокантен стајлинг на најпрестижниот моден настан во светот

„Ким Кардашјан изгледа како да не може да дише. Тој корсет изгледа толку непријатно, но во исто време и добро“, беа некои од коментарите.

Ким Кардашјан со шокантен стајлинг на најпрестижниот моден настан во светот

Ким Кардашјан беше меѓу многуте ѕвезди на овогодинешната Мет гала. Нејзиниот фустан, односно корсетот кој е составен дел од нејзиниот стајлинг, привлече големо внимание.

Имено, Ким се појави во провирен сребрен фустан од Џон Галијано, кој вклучува корсет и е украсен со листови. Корсетот привлече големо внимание кај луѓето на социјалните мрежи, а многумина се прашуваа како реалната ѕвезда успеа да се вклопи во него. Некои коментираа дека ги извадила ребрата за да изгледа што послабо, а многумина се загрижиле за нејзиното здравје бидејќи не разбирале како дише во тесен корсет.

Годинешниот официјален дрескод за настанот беше – градина на времето. Темата го добила името по расказот на британскиот писател Џ. Г. Балард од 1962 година, сместен во градина исполнета со провирни цвеќиња, кои манипулираат со времето. Како и претходните години, така и оваа, црвениот тепих на њујоршкиот музеј на уметноста, „Метрополитен“, беше преплавен со прекрасни креации, кои тешко може да се видат на друго место.

To top