На крајот на март, принцезата Кејт Мидлтон објави видео во кое откри дека и бил дијагностициран рак, а наводно била принудена на тоа поради заканите кои дошле до Кенсингтонската палата.
Имено, со палатата контактирало лице кое знаело за дијагнозата на принцезата, поради што Кејт морала да побрза со објавата, пред да протече информацијата во јавноста.
Не е познато дали информациите протекле од болницата каде што Кејт во јануари имаше операција на абдоменот.
Претходно се шпекулираше дека Кејт морала да ја открие својата дијагноза пред Велигден, бидејќи нејзиното отсуство од мисата би ги поттикнало шпекулациите кои кружеа со месеци пред да открие дека има рак.
Кејт го шокираше светот со видео кое беше објавено на официјалниот Инстаграм профил на принцот и принцезата од Велс. Во него таа објасни како е во раните фази на лекување и дека нејзината болест била откриена преку тестови по извршената операција.