Пејачката Катарина Грујиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија од болнички кревет и ги загрижи своите фанови.
Имено, како што можете да видите на сликата, пејачката прима инфузија и инхалација, а од нејзиниот изглед може да се заклучи дека и се слошило од премногу работни обврски кои ги имала во претходниот период.
Најверојатно станува збор за мешавина од витамини, кои многу пејачи ги земаат за да ги намалат шансите да настинат во зимските месеци и да се осигураат дека ќе можат да присуствуваат на сите нивни закажани настапи.