Познати Палатата се “тресе“

КАМИЛА НЕМА МНОГУ ИЗБОР ДОКОЛКУ УМРЕ КРАЛОТ: Во најцрното сценарио може да си ги спакува куферите, еве на кого тоа би му одговарало!

Принцот Вилијам веднаш би станал монарх, а Кејт Мидлтон најверојатно ќе стане кралица.

КАМИЛА НЕМА МНОГУ ИЗБОР ДОКОЛКУ УМРЕ КРАЛОТ: Во најцрното сценарио може да си ги спакува куферите, еве на кого тоа би му одговарало!

Веста дека кралот Чарлс боледува од рак со молскавична брзина го обиколи светот и натера многу луѓе да се запрашаат што ќе се случи доколку ја загуби битката со болестa.

Покрај прашањето кој ќе го наследи тронот, актуелно е и што ќе се случи со сопругата на кралот, Камила. Бидејќи монархијата функционира по строги правила кои беа воспоставени пред многу години, за секое сценарио постои решение.

Познато е дека кралот е генетски предиспониран да доживее длабока старост, бидејќи неговиот татко, принцот Филип, почина во 2021 година, само два месеци пред неговиот 100-ти роденден, а неговата мајка кралицата Елизабета почина на 96-годишна возраст во септември минатата година.

Подгответе се за најлошото сценарио

Како што смртта на неговата мајка, покојната кралица Елизабета Втора, била предвидена со планот за вонредни ситуации познат како „Операција Лондон бриџ“, така постојат протоколи во случај на смрт на кралот – „Операција Менај мост“.

Принцот Вилијам веднаш би станал монарх, а Кејт Мидлтон најверојатно ќе стане кралица.

Кому ќе одговара Камила?

Во тој случај, кралицата Камила би станала кралица Давагер, пишува Дејли Мирор. Таа нема право да биде кралица регент (шеф на државата), но во тој случај би можела да продолжи да ги извршува своите должности, но со одобрение на новиот монарх (во овој случај Вилијам). Причината за тоа е што таа не е во кралската лоза по која би имала право на наследство, а со кралот нема потомци.

Ова не е прв пат

Кралицата Аделаида беше првата што ја искористи кралската титула, надживувајќи го нејзиниот сопруг, кралот Вилијам IV, за 12 години. Сите деца на двојката умреле во детството, а круната ѝ е предадена на внуката на Вилијам, кралицата Викторија.

Доколку стане вдовица, кралицата Камила веројатно би била слободна да одлучува за тоа како ќе изгледа нејзината иднина, под услов да го одобри новиот монарх.

Таа би можела да се пензионира во Реј Мил Хаус, нејзината селска куќа или да продолжи со својата добротворна работа, која се фокусира на области како што се здравјето, писменоста, уметноста и поддршката за жртвите на силување и сексуален напад.

Друг случај

Бабата на кралот Чарлс, Елизабета, одлучила да биде кралица мајка по смртта на нејзиниот сопруг, кралот Џорџ Шести во 1952 година и стапувањето на тронот на нивната најстара ќерка Елизабета.

Кралицата Мајка ја поддржуваше кралицата Елизабета во текот на нејзиното владеење, придружувајќи им се на другите кралски членови на специјални настани како што се Trooping the Color и Royal Ascot до доцните 90-ти. Таа почина во 2002 година на 101 година, а кралицата Елизабета зборуваше за „заразната желба за живот“ на нејзината мајка во ретка емисија од замокот Виндзор пред погребот на кралицата мајка.

– Низ годините запознав многу луѓе кои мораа да се справат со загубата на семејството, понекогаш и во најтрагични околности. Затоа се сметам себеси за среќна што мајка ми беше благословена со долг и среќен живот. Имаше заразна желба за живот и тоа ја следеше до самиот крај. Знам и дека нејзината вера отсекогаш била голема сила – изјавила Елизабет.

Елизабет ја поддржа Камила

Претходната година, кралицата Елизабета објави дека сака Камила да биде позната како кралица Консорт кога Чарлс ќе се качи на тронот.

– Кога мојот син Чарлс ќе стане крал, знам дека ќе му ја дадете и нему и на неговата сопруга Камила истата поддршка што ми ја дадовте и моја искрена желба е, кога ќе дојде време, Камила да стане кралица додека ја продолжува својата верна служба. рече Елизабет.

Најнови вести од Познати

To top