Српските медиуми на големо пишуваат за разводот помеѓу Џенан Лончаревиќ и неговата сопруга со која беше во брак 25 години наназад.
Особено вестите не стивнуваат за тоа дека соседите на пејачот се во шок откако дознале дека со жената која живее во нивната зграда со години му била љубовница, а не законска сопруга.
-Се разведуваат? Па не знам што да ви кажам. Тој е многу матен човек, мрачен, а тука го гледаме само со мажи, доаѓа и пие кафе. Еднаш едни девојчиња му пееја песни, а тој ладно им се насмевна без реакција, открила сосетката на пејачот за српски „Телеграф“.
Друг сведок пак бил шокиран бидејќи мислел дека љубовницата му е сопруга, а не дека со неа живее тука и се крие од семејството.
„Сите бевме убедени дека му е законска сопруга“, вели сосетката.
Уште една негова сосетка останала со подзината уста кога дознала од новинарите што се случило.
„Како мислите дека таа не му е законска жена?! Навистина страшно, немам што да кажам, ужас“, додала таа.