Пејачката Анастасија Ражнатовиќ вчера на својот инстаграм-профил објави фотографија која ги подгреа сомнежите дека повторно е бремена. Сите нејзини следбеници се посомневаа дека наследничката на Цеца Ражнатовиќ е во блажена состојба, како што напишаа во коментарите.
Изгледа е бремена, заоблена под стомакот – ова е само еден од коментарите кои укажуваат дека не сме единствените кои помислија дека убавата пејачка е во блажена состојба.
По објавата на Таса се огласија Оливера и Вања, мајката и сестрата на Немања, со кои пејачката повторно е во одлични односи.
Имено, Анастасија и Немања Гудељ пред неколку дена прославија две години љубов, па по тој повод познатиот фудбалер се огласи на својот профил и напиша емотивна порака со нивната заедничка фотографија:
View this post on Instagram
Две среќни години! Среќна годишнина, Бубишка! Ти благодарам што си најдобрата жена на светот – и порача Немања на Анастасија, а таа му одговори:
„Мојот сопруг е најдобар на светот! Те сакам.“
Освен Анастасија, објавата ја искоментира и Цеца, која остави емотикони на срца, а внимание привлече и коментарот на сестрата на Немања, Вања, која заедно со фотографијата напиша „Сон“ покажувајќи уште еднаш како многу ги сака својата снаа и брат.
Во исто време, Анастасија објави клип од цртаниот „Кралот лав“ и на тој начин заинтригира многумина.
На неа, малиот Симба му се обраќа на својот татко во емотивен дијалог, а сите веднаш претпоставија дека Анастасија директно дава сигнали дека чека момче и дека ќе го викаат Лав.