Пејачката Маја Оџаклиевска сама ги одгледа ќерките Теа и Андреа, бидејќи никогаш не се омажи за таткото на својата прва ќерка, а брзо се разведе од таткото на втората.
Брак со таткото на првото дете не ја интересирал, додека таа решила да се омажи за таткото на втората ќерка, како што вели, на негово убедување.
-Не се омажив за таткото на Теа, Александар, затоа што тоа не ме интересираше. Не ме интересираше да готвам ручек и да водам таков живот. Но, се омажив со таткото на Андреа, Енес, на негово инсистирање. Се венчавме, но тоа беше краткотрајно. Тие се важни за моите деца, па затоа одржував врска со нив. Со таткото на Теа бев пријател до минатата година, кога почина. Одам на ручек и со таткото на Андреа, кој има жена и две ќерки, кога ќе дојдат во Белград. Не се разделив со никого на грд начин, изјави своевремено пејачката.
Таа не крие дека како самохрана мајка се соочила со бројни проблеми.
-Имаше страшни моменти кога сама ги растев и воспитував моите ќерки. Порано јадевме бисквити со вода бидејќи немавме пари за млеко. Беше тешко до тој степен. Не можев да работам, а сè уште не сакав да правам компромиси и да пеам нешто што не можам да го поднесам. Додуша еднаш пробав. Преку менаџер од Радио Белград прифатив тезга во Германија за да заработам за децата. Работевме петок, сабота и недела. По тие три дена си реков: „Никогаш повеќе“, се присети Маја.