Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, денеска го слави својот 26 роденден, а изненадување на полноќ и приреди сопругот Немања Гудељ, како и целото негово семејство.
Откако поминал дванаесет часаот, семејството Гудељ ја изненадиле својата снаа, и подготвиле роденденска торта во облик на срце и отпеале песна. Покрај неа имало и големо розово плишано мече, како и розови балони, а сестрата на Немања, Вања објавила видеа и фотографии на својот Инстаграм профил.
Да потсетиме, иако многу се шпекулираше дека Анастасија не е во доби одоноси со мајката и сестрата на Немања, односите во семејството Гудељ сега се топли и хармонични.
Упатените тврдат дека Оливера никогаш не била против Анастасија, таа само сакала сите да ги почитуваат правилата на семејството, а тоа се заедништво, блискост и посветеност на религијата.
Токму второто стана забележливо со Анастасија откако се беше средено, па снаата неодамна присуствуваше на литургија со свекрвата, а повремено објавува и религиозни содржини на својот Инстаграм.