Седмата сезона на ситкомот „Преспав“ заврши во месец декември, а публиката секогаш е „гладна“ за нови епизоди и сезона во најава.
Дотогаш, репризите секогаш се опција која никогаш не досадува. Актрката Емра Куртишова која ја глуми Исаура, остана автентична миленичка на гледачите, одобено откако бремена играше во последната сезона непосредно пред да ја роди ќеркичката Лена.
Приновата дојде на свет, а Емра или Ираура како повеќето милувааат да ја викаат, и да не се појавува во „Прспав“ таа не губи на актуелност и атрактвност за јавноста.
Ова особено е така откако со нејзиниот колега и сопруг Петар Стојанов стапија во брак и го проширија семејството.
Секогаш несебични за да ја поделат својата среќа со публиката, Емра, Петар и Лена се магнет за погледи каде и да се појават.
Овој пат тоа беше во еден ресторан, каде облечени во сличен стајлиг, односно во истата жолта боја, сакале или не, привлекуваа внимение.
Познатото семејство зрачеше со позитивна енергија, насмеани и весели, а во фокус Лена како малечка пеперутка во рацете на мама.
Поводот за кој се собраа и дотераа вака, Емра не го откри, но тоа што сакаше сите да го видат и преку социјалните мрежи беше нивната семејна љубов, среќа и божја благослов.