Пејачката Александра Пријовиќ синоќа го одржа првиот од серијата концерти во главниот град на Хрватска, а во текот на вечерта се случи инцидент.
Таа проговори по самиот спектакл што го направи во овој град и објасни што се случило.
Имено, Пријовиќ истакнала дека девојка од публиката се обидела да се искачи на бината, но обезбедувањето ја спречило во тоа.
Во моментот кога ја симнувале од бината, припадник на обезбедувањето се сопнал и паднал, па морале да се грижат за него зад сцената.
-Како што се случува секогаш на концертите, момците од обезбедувањето и рекле на девојката дека не може да излезе на сцената. Кога видов дека тоа се случува, ми беше жал што таа не се качи и дојде кај мене. Но, кога и реков „дојди“, не ја ни видов повеќе, рече Александра и додаде дека и е многу жал што тоа се случило.
На момчето од обезбедувањето веднаш му укажале помош, а Пријовиќ на кратко го прекинала концертот и дошла да види дали се е во ред.