Што и да направи или каже Дарко Лазиќ, тоа одекнува како бомба во јавноста, додека тоа не е случај со неговиот брат Драган Лазиќ.
И двајцата се занимаваат со пеење, но помалиот брат на Лазиќ бега од јавноста. Иако и тој е пејач и редовно настапува, не го сака јавниот живот. Тоа го разликува од брат му Дарко, кој е секогаш во центарот на случувањата.
Тој е еден од најангажираните пејачи, особено во неговиот крај, во Шабац и околината.
Само што ќе го зеде микрофонот, Лазиќ почнува да добива залепени банкноти на челото. Драган ретко се појавува на јавни настани, но затоа толку добро се сложува со својот брат.
Во една прилика и самиот објасни зошто не сака јавно да се експонира:
– Не ми се допаѓа како денес кај нас изгледа она што се нарекува шоу-бизнис. Мислам дека не ми треба. Работам со мојот бенд, имам околу 80 закажани настапи во текот на годината и тоа ми е доволно, изјави во една прилика Драган.
Многумина велат дека Драган многу потсетува на својот постар брат и по глас и по изглед. Дарко само еднаш го покани да му биде гостин на концерт во Сава Центар.