Мажот Ж.Д. (61) влегол во полициска станица и признал дека во нивниот стан во Раковица ја убил сопругата А.Д.(57).
Според „Блиц“, жената по професија била шнајдерка и со години работела за „Ѕвездите на Гранд“, а пред само неколку дена го подготвувала стајлингот на ѕвездите за големото полуфинале кое се одигра синоќа.
Нејзините колеги од „Гранд“ ја паметат како насмеана, весела и комуникативна, а сакала да разговара и со колегите и со натпреварувачите.
Ја сакаа и пејачите и водителките кои со неверување ја примија веста за ова што се случи. Нејзините колеги од Гранд изразија сочувство до семејството, а од неа преку социјалните мрежи се простија и пејачите.