Познати

ГО РАСПЛАКА СВЕТОТ: Докторот на Шенон Доерти откри како актерката ги поминала последните часа од животот

Шенон Доерти почина пред неколку дена по долга борба со ракот.

ГО РАСПЛАКА СВЕТОТ: Докторот на Шенон Доерти откри како актерката ги поминала последните часа од животот

Ѕвездата од Беверли Хилс, Шенон Доерти, почина по деветгодишна борба со ракот. Актерката во интервјуата често зборуваше за својата болест, а нејзините пријатели велат дека чувствувала дека крајот е близу.

Во моментот кога сфатила дека смртта е близу, сакала да и олесни на мајка си, па го продала целиот свој имот, а нејзиниот доктор открил и како изгледале нејзините последни денови и часови.

Онкологот Лоренс Д. Пиро истакна дека Шенон немала болка во последните моменти и била многу мирна. Таа беше придружувана од нејзиното семејство и нејзиното куче Боуви.

-Во последните неколку часа таа беше на многу удобно место, спиеше, опкружена со некои нејзини многу блиски пријатели. Имаше неколку луѓе блиски до неа во собата кои и даваа внимание и поддршка. Беше тмурно и тажно, но убаво и полно со љубов. Најтешкото нешто во врска со ова е што Шенон не беше подготвена да замине бидејќи го сакаше животот, рече докторот, пренесува Пипл.

To top