Познати Миленикот на жените

Го глумеше згодниот градинар кој беше љубовник на “очајната домаќинка“: Погледнете како изгледа денес, уште е голем заводник (ФОТО)

Џеси сега има 45 години, а кон крајот на минатата година откри дека уште е сингл.

Го глумеше згодниот градинар кој беше љубовник на “очајната домаќинка“: Погледнете како изгледа денес, уште е голем заводник (ФОТО)

Американскиот актер Џеси Меткалф многумина го паметат по улогата на згодниот градинар Џон и љубовник на Габриел Солис (Ева Лонгорија) во „Очајни домаќинки“.

Серијата се емитуваше од 2004 до 2012 година, но тој ја напушти во 2009 година откако се појави во 30 епизоди.

Тој не беше првиот избор за улогата

Тој го глумеше младиот градинар со кој Габриеле го изневеруваше нејзиниот сопруг Карлос, а многумина кои ја гледаа серијата воздивнуваа по Џеси. Лонгорија неодамна се присети на снимањето со Џеси и откри дека тој всушност не бил првиот избор.

Имено, тој глумеше тинејџер, а таа мажена жена.

„Тој првично не требаше да го игра градинарот. Требаше да игра помлад дечко, но го зедоа Џеси бидејќи имаше 25 години. Јас и тој бевме на иста возраст и имав подобра хемија со него на снимањето“, изјави таа.

Џеси сега има 45 години, а кон крајот на минатата година откри дека уште е сингл.

„Мојот статус е сингл и јас сум последната личност што треба да ја побарате за совет за состаноци. Инстаграм во основа е мојата апликација за запознавање“, се пошегува тој.

Актерот има милион следбеници на Инстаграм и многу луѓе го контактираат. Често споделува моменти од приватниот живот, но и кадри од теретана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesse Metcalfe (@realjessemetcalfe)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesse Metcalfe (@realjessemetcalfe)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jesse Metcalfe (@realjessemetcalfe)

To top