Кога ќе се спомене Џенифер Лопез, првата асоцијација е комбинација на гламур, стил и сексапил.
Една од најстилските дами на светскиот џет-сет тоа уште еднаш го докажа на прославата на 67-от роденден на нејзиниот долгогодишен менаџер Бени Медина.
Гламурозниот настан се одржа пред две вечери во еден елитен ресторан во Беверли Хилс, а Џеј Ло го украде целото внимание на присутните со својот моден избор.
За оваа специјална пригода пејачката блесна во прекрасен фустан кој зрачи со класична елеганција, но и примеси на драматика што го прави незаборавен.
Долгиот зелен фустан создаваше ефективен, речиси брановиден одраз со секој нејзин чекор. Шлицот на средината, кој се протегаше високо до ногата, беше клучен детал на оваа креација, давајќи и доза на смелост и сензуалност.
Посебен контраст на светкавиот материјал на фустанот беше црната висока јака, која додаде допир на софистицираност и модерен стил на овој гламурозен изглед.
View this post on Instagram
View this post on Instagram