Сашка Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил го сподели подарокот што го доби за втората годишнина од бракот со Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ.
Ѓорѓе и приреди вистинско изненадување на Сашка во вид на богати аранжмани со рози, но и големо кадифено мече.
Сето ова беше придружено со пораката: „Животот е убав, животот е сега“.
– Зошто оваа песна? Возевме низ Хрватска, Ѓоле ја пушти оваа песна во колата и солзи почнаа да ми течат по образите од среќа… од исполнетост, радост кон животот. Во гласот можеш да ја почувствуваш и препознаеш чистата емоција, погледот ни беше на прекрасната природа покрај патот, сè се спои за да биде токму тој момент што се памети нешто во иднината… и животот е убав. Животот е сега – напиша таа.