Семејството Бекам се собра синоќа во Париз за да го прослави француското витештво доделено на Викторија Бекам.
Имено, Chevalière de l’Ordre des Arts et des Lettres е едно од најпрестижните француски одликувања, кое се доделува на оние кои придонеле во областите на уметноста, литературата и културата во Франција, но и на меѓународно ниво.
View this post on Instagram
На доделувањето на овие титули се појавија сите членови на семејството Бекам, позирајќи расположени.
View this post on Instagram
За време на својот говор, Викторија Бекам рече:
-Голема чест ми е што француското Министерство за култура ми додели витешко одликување за областа на уметноста и литературата. Отсекогаш ја ценев француската естетика и сериозноста со која тие се однесуваат кон модата, како уметничка форма. Да се биде препознаен и прифатен на овој начин е голема привилегија, изјави Викторија.
Таа им се заблагодари и на деловните партнери, семејството, а особено до нејзиниот сопруг Дејвид Бекам.