Познати

ФОТО: Сите зборуваат за прегратката на Кејт Мидлтон и Џеси Џеј, двете водеа битка со тешката болест

Пејачката Џеси Џеј го прекрши кралскиот протокол кога ја прегрна Кејт Мидлтон на приемот, а принцезата беше видливо трогната од гестот.

ФОТО: Сите зборуваат за прегратката на Кејт Мидлтон и Џеси Џеј, двете водеа битка со тешката болест

Кејт Мидлтон повторно предизвика лавина од загриженост во Велика Британија кога се појави на свечен настан во Ројал Алберт Хол во Лондон рамо до рамо со принцот Вилијам.

За таа пригода, принцезата од Велс носеше тесен темнозелен кадифен фустан кој ја следеше линијата на нејзиното тело.

Во последните неколку месеци, сите зборуваа за неприродно долгата, густа и светла коса на принцезата од Велс. Се шпекулираше дека принцезата носи перика, додека во оваа пригода таа го следеше правилото на покојната кралица Елизабета: „Никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“.

Сепак, овој пат принцезата ја скрати косата значително и ја обои кафено црвеникава нијанса.

Моментот што ги остави сите без здив беше средбата на принцезата од Велс со пејачката Џеси Џеј. Во таа пригода, Џеси го прекрши протоколот ставајќи ги рацете на рамената на Кејт Мидлтон, велејќи: „Тукушто имав рак на дојка, само сакам да те прегрнам, бидејќи ракот навистина го става животот во перспектива.“

Ова ја трогна Кејт и таа ја прегрна Џеси Џеј, која кажа дека имала рак на дојка овој јануари и дека неодамна ѝ била отстранета градата.

Пејачката рече дека намерно носела црна дуксерка со качулка и нешто што личело на тренерка за оваа пригода, со цел да испрати порака до оние кои седат дома пред телевизорот и поради депресија немаат сила да се облечат и да излезат.

„Многу е важно да се зборува за тоа“, рече Џеси Џеј, на што принцезата од Велс се согласила.

 

To top