Познати

ФОТО: Северина во чипка од глава до пети, провиден фустан и елегантни ракавици

ФОТО: Северина во чипка од глава до пети, провиден фустан и елегантни ракавици

Хрватската пејачка Северина повторно привлече внимание со своето модно издание, а овој пат позираше за фотографии во Радетиќи, Истра, во чипка од глава до пети.

Со пораката дека „најубавата чипка (традиционално) се чува за Радетиќи“, пејачката на фотографиите носеше црн фустан од чипка, а под него се гледаше црна долна облека. На рацете имаше и елегантни ракавици од чипка, исто така во црна боја.

Сето тоа го искомбинираше со сандали со високи потпетици кои исто така имаа детаљ од чипка на задната страна, а во раката носеше црна кожна чанта.

Како фото-реквизит имаше круна, како и нејзиното куче Миша. На неколку фотографии носеше и очила за сонце, а позираше седејќи на маса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

To top