Познати

ФОТО: Се породи познатата турска актерка, лани тајно се омажи со фудбалер

Мелиса тајно се омажи за турскиот репрезентативец во мај 2024 година, а во септември откри дека го чека своето прво дете.

ФОТО: Се породи познатата турска актерка, лани тајно се омажи со фудбалер

Познатата турска актерка Мелиса Памук го роди своето прво дете, а среќната вест ја соопшти нејзиниот сопруг фудбалер Јусуф Јазиџи.

Мелиса Памук потврди дека го чека своето прво дете со сопругот Јазичи.

Нејзиниот сопруг сподели фотографија на Инстаграм на која се гледа неговата рака и раката на неговото новороденче и напиша: „Најдобар роденденски подарок“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yusuf Yazıcı (@yusufyazici)

Мелиса тајно се омажи за турскиот репрезентативец во мај 2024 година, а во септември откри дека го чека своето прво дете.

Стана јасно дека славната двојка се венчала откако Памук го смени презимето. Познатата актерка ги изненади сите со промената на презимето на својот официјален Инстаграм профил.

Мелиса Асли Памук ја започна својата актерска кариера на 13-годишна возраст со филм во Холандија.

To top