Помладата ќерка на починатата фудбалска легенда Синиша Михајловиќ, Вирџинија Михајловиќ денеска роди здраво момче.
Како што откри таа, му го дала името по нејзиниот покоен татко, а првата фотографија од новиот член на семејството ја сподели гордата баба Аријана Михајловиќ.
Таа објави слика од породилното одделение на малиот Лео Синиша со емотивни зборови.
View this post on Instagram
– Се роди Лео Синиша, суперхерој како неговиот дедо – напишала гордата баба со емотикони од сини срца.
Вирџинија го крстила синот по нејзиниот татко, но го додала и Лео.
– Го избравме името Лео Синиша Вољако затоа што името Лео отсекогаш ми беше омилено и во комбинација со Синиша ми се допадна како звучеше – рече таа, а потоа додаде:
– Татко ми секогаш беше лав.
View this post on Instagram