Познати имаат четири деца

ФОТО: Се ожени Конор Мекгрегор

Познатиот ирски ММА борец Конор Мекгрегор и неговата долгогодишна партнерка Ди Девлин се венчаа на свечена церемонија во црквата Санто Стефано дели Абисини во Ватикан.

ФОТО: Се ожени Конор Мекгрегор

Конор Мекгрегор и Ди Девлин се венчаа: Го кажаа судбоносното „да“ во Ватикан

Познатиот ирски ММА борец Конор Мекгрегор и неговата долгогодишна партнерка Ди Девлин се венчаа на свечена церемонија во црквата Санто Стефано дели Абисини во Ватикан.

На објавените слики, 37-годишниот Мекгрегор може да се види во елегантен црн смокинг, додека неговата 38-годишна невеста Ди блескаше во венчаница со луксузен, долг превез. По церемонијата, двојката ја напушти црквата во бел автомобил украсен со цвеќиња.

Мекгрегор и Девлин се верија во 2020 година, на роденденот на Ди, кога Конор објави нивна заедничка фотографија со натпис: „Каков роденден, идна сопруга моја“.

Нивната љубовна приказна започна во 2008 година во ноќен клуб во Даблин. За време на нивната долга врска, двојката има четири деца: синови Конор Џуниор (8), Ријана (4) и Мака (2) и ќерка Кроаи (6).

ММА борецот, кој претходно оваа година размислуваше да се кандидира за претседател на Ирска, нагласи дека работи напорно за да ја обезбеди иднината на своето семејство и иднината на Ди.

Тој додаде: „Еден ден сакам Ди и јас да можеме да се релаксираме на плажа и да не се грижиме за ништо на светот. Затоа го правам ова.“

To top