Познатиот актер Расел Кроу ја избричи брадата по пет години. Ѕвездата на „Гладијатор“ го сподели својот нов изглед со фановите на социјалните мрежи.
Последниве години беше познат по својата густа сива брада, но сега се откажа од неа и ја отстрани.
-Актерски подготовки. #20. Првпат од 2019 година, напиша 59-годишниот актер во описот на објавата која ги воодушеви обожавателите.
Фановите во коментарите напишаа дека Расел изгледа „20 години помладо“.
„Леле, изгледаш 20 години помладо“, „Изгледаш одлично“, „Одлична промена. Имаш многу убаво лице, штета е да го скриеш под брадата“, „Сигурно се чувствуваш чудно, но одлично е“, Се прашувам каков филм ќе снимаш, убаво ти стои ова“, се дел од коментарите.