Познати

ФОТО: Принцот Вилијам објави никогаш видена фотографија со неговата мајка

ФОТО: Принцот Вилијам објави никогаш видена фотографија со неговата мајка

Принцот Вилијам објави досега непозната фотографија од 1984 година, на која се тој и неговата мајка, принцезата Дајана, на семејниот имот Хајгроув во Глостершир, објавија британските медиуми.

На фотографијата од 1984 година, Вилијам има само две години. Во поле со цвеќиња, тој ја држел раката на својата мајка, која, доколку е жива, ќе го прославела својот 65-ти роденден ова лето.

Фотографијата, која беше објавена по повод празникот Ден на мајките, е дел од приватната колекција на кралското семејство, според „Скај њуз“.

-Се сеќавам на мајка ми, денес и секој ден. Мислам на сите оние кои се сеќаваат на некој што го сакаат денес. Среќен Ден на мајките, напиша Вилијам како опис на фотографијата.

To top