Една од најпознатите турски актерки, Бергузар Корел, која ја глумеше Шехерезад во серијата „1001 ноќ“, го промени имиџот.
Ѕвездата на популарната ТВ серија имаше карактеристична темна долга коса, но сега ја обои во руса и ја скрати.
Корел и нејзиниот сопруг Халит Ергенч беа главни актери на популарната турска серија. Бергузар и Халит се заљубиле на снимањето на серијата „1001 ноќ“, а тогашните партнери ги оставиле за да бидат заедно.
Тие се во брак од 2009 година и имаат три деца: синовите Али и Хан и ќерката Лејла.