Познати се чувствува среќен и задоволен

ФОТО: Клинт Иствуд снима филм на 93 години, фатен на снимањето во добро расположение

Клинт Иствуд не се откажува ниту во својата десетта деценија и напорно работи на продолжението на филмот „Поротник бр.2“. Фотографија од сетот покажува дека актерот се чувствува среќен и задоволен.

ФОТО: Клинт Иствуд снима филм на 93 години, фатен на снимањето во добро расположение

Холивудскиот актер и режисер Клинт Иствуд (93) неодамна беше фотографиран на снимањето на вториот дел од филмот „Поротник“ во Џорџија.

Како што пренесуваат американските медиуми, Клинт Иствуд не се откажува ниту во својата десетта деценија и напорно работи на продолжението на филмот „Поротник бр.2“. Фотографија од сетот покажува дека актерот се чувствува среќен и задоволен.

Фоторепортерите го снимиле моментот кога тој се смее зад сцената и истакнуваат дека бил во друштво на актерот Николас Хулт и актерката Тони Колет, кои ги играат и главните улоги во филмот.

Овој филм ќе биде најновиот филм на Клинт Иствуд по „Cry Macho“ од 2021 година, а покрај Холт и Колет, во филмската екипа се и Габриело Басо, Зои Дојч, Крис Месина, Лесли Биб и Кифер Сатерленд.

Во филмот се работи за поротник на судење за убиство (Хулт) кој е во сериозна морална дилема, која може да ја искористи за да влијае на пресудата на поротата и потенцијално да го осуди или ослободи виновникот.

Ова воедно ќе биде 46-ти филм во режија на Клинт Иствуд.

To top