Ирина Шајк објави фотографии на Инстаграм во костим за капење што ги направила за познат бренд.
Фотографиите добија над 150.000 лајкови за помалку од 24 часа, а покрај виткото тело на Ирина, вниманието го привлекоа и чевлите што ги носеше. Моделот го искомбинира костимот за капење со високи гумени чизми.
View this post on Instagram
Таа го заокружи изгледот со висечки обетки кои имитираа пердуви, додека на раката носеше и кафеава нараквица.
Пред неколку дена, Ирина Шајк се појави на црвениот тепих на 78-то издание на Канскиот филмски фестивал. Таа присуствуваше на премиерата на „Досие 137“ од Доминик Мол.
Таа носеше тесен црн фустан украсен со пердуви, кој го искомбинира со ракавици, а што се однесува до фризурата, се одлучи за „влажна фризура“.