Познати

ФОТО: Интернетот „гори“, познатиот актер ја љуби Шакира

Нејзиниот нов албум ќе биде објавен овој петок.

ФОТО: Интернетот „гори“, познатиот актер ја љуби Шакира

Колумбиската пејачка Шакира предизвика хаос на мрежите споделувајќи фотографии со ѕвездата од серијата „Емили во Париз“ Лусиен Лависконт.

Се чини дека тој ќе биде главната ѕвезда на спотот за нејзината нова песна „Punteria“.

Шакира претходно најави дека наскоро ќе го објави новиот албум „Las mujeres ya no lloran“ на кој ќе се најдат некои добро познати, претходно објавени песни.

Една од новите песни што ќе се најде на ова издание се вика „Punteria“, а пејачката реши да ја најави со интимни фотографии со британскиот актер.

Шакира позираше во прегратките на Лусиен облечена во розов фустан. Британскиот актер беше без кошула и позираше само во бели шорцеви, бакнувајќи ја пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Фотографиите предизвикаа бројни реакции на мрежите, а на пејачката и беше напишано дека сега „заменила Твинго за Ферари“ мислејќи на текстот на нејзината песна.

„Las mujeres ya no lloran“ е дванаесеттиот студиски албум на пејачката, а нејзината издавачка куќа Sony Music го опишува како „блескав доказ за издржливоста и силата на Шакира, како и моќта на музиката да ги трансформира најтешките искуства“.

Во интервју за Apple Music, таа откри дека песната „Ultima“, исто така од новиот албум, ќе биде последна во низата за нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике.

Нејзиниот нов албум ќе биде објавен овој петок.

Најнови вести од Познати

To top