Свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, неодамна го прослави својот 30-ти роденден на екзотична дестинација.
Именот, таа по повод тој ден ги почести своите следбеници со низа атрактивни фотографии, а прикажа и дел од роденденската прослава. Нејзините фотографии од Малдивите добија над осум милиони лајкови.
Инаку, роденденот го прослави со вечера во друштво на многу пријатели, а Роналдо, кој поради спортски обврски и повреда не можеше да биде на Малдивите, со видеоповик ѝ го честиташе специјалниот ден.
Бројните следбеници ѝ испратија честитки во коментар, а некои изразија тага бидејќи Роналдо не е со неа.
Потсетуваме, парот пред две години го прослави нејзиниот роденден во Дубаи, а Роналдо на Бурџ Калифа, највисоката зграда на светот, ја постави фотографијата на Георгина, заедно со соодветна роденденска честитка.