Познати роденденски

ФОТО: Фаталната љубовница го „почестила“ еден од најбогатите луѓе на светот: Она што го облекла за неговиот роденден е чиста перверзија

Џеф Безос е среќен човек, а неговата вереница која некогаш му била љубовница, Лорен Санчез, настојува секој ден да го потсети на тоа.

ФОТО: Фаталната љубовница го „почестила“ еден од најбогатите луѓе на светот: Она што го облекла за неговиот роденден е чиста перверзија

Џеф Безос е среќен човек, а неговата вереница која некогаш му била љубовница, Лорен Санчез, настојува секој ден да го потсети на тоа.

Сега на социјалните мрежи таа објавила фотографија по повод прославата на неговиот 60-ти роденден во Париз на која позирала сама, а покрај неа напишала честитка за својот сакан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez)

54-годишната поранешна ТВ-новинарка притоа ја покажала неверојатната фигура на тело, во црн, „Dolce & Gabbana“ фустан.

Предизвикувачкиот фустан ја открил и долната облека додека Лорен заводливо гледала во камерата.

„Среќен роденден душо“, напишала во описот на објавата Лорен која за кратко време добила речиси 10 илјади допаѓања.

Парот го прославил јубилејниот роденден на Безос во градот на љубовта, а Санчез во петокот наутро споделила фотографија од Ајфеловата кула.

„Најдоброто утро со славеникот“, напишала тогаш во описот на фотографијата.

Откако роденденот на Безос го поминале во Париз, славниот пар со авион отпатувал во Милано, Италија. Во текот на викендот се фотографирале на ревијата во состав на Модната недела во тој град.

„Само горда мајка. Беше вистински благослов да го гледам својот син Ник Гонзалес како шета по пистата за „Dolce & Gabbana“ во Милано. Ти честитам љубов моја“, напишала гордата мајка во описот на видеото објавено на Инстаграм.

Најнови вести од Познати

To top