Познати

ФОТО: Ерос Рамацоти ужива на одмор со поранешните сопруги

ФОТО: Ерос Рамацоти ужива на одмор со поранешните сопруги

Италијанската музичка ѕвезда Ерос Рамацоти објави на социјалните мрежи фотографии од својот одмор, на кои позира со поранешната сопруга Мишел Ханцикер и нивната ќерка. После тоа, папараците го фатија со втората поранешна сопруга Марика Пелегринели.

На својот Инстаграм профил, Ерос Рамацоти сподели серија фотографии од плажа, каде што позира со Мишел и нивната ќерка Аурора.

Во описот на фотографиите, музичарот напиша: „Тоа е семејна работа“.

На социјалните мрежи нема фотографии од Ерос Рамацоти и Марика Пелегринели заедно на плажа, но фотографот на италијанското списание Дива е Дона ги фати заедно на плажа.

Рамацоти има ќерка, Аурора, од бракот со Мишел Ханцикер, која е позната водителка и поранешна ѕвезда на Евровизискиот натпревар, додека од бракот со Марика Пелегринели има две деца.

Иако неговиот брак со Мишел Ханцикер заврши во 2002 година, нивната врска остана пријателска. Како што самите претходно рекоа, разводот бил предизвикан од вмешаноста на Мишел во контроверзната секташка организација „Воини на светлината“, на која ѝ припаѓала неколку години.

To top