Еден ден откако таа и нејзиниот сопруг Немања Гудеља присуствуваа на свадбата на фудбалерот Андрија Живковиќ, Анастасија Ражњатовиќ објави две фотографии на Инстаграм кои брзо станаа хит.
Исто како и претходниот ден, кога беше облечена во венчаница на својата граѓанска свадба, Анастасија и овојпат беше облечена во бело – носеше топ и миди здолниште, а на фотографиите јасно се гледа нејзиниот затегнат стомак, како и лесната шминка која ја истакна нејзината убавина.
„Едноставноста е ултимативна софистицираност“, напиша Анастасија, а по објавата се нижат комплименти.
„Навсистина, секогаш убава, убаво облечена, шминка…“, „Баш си убава, Анастасија“, гласат некои од коментарите.