Српската пејачка Александра Пријовиќ сподели семејна фотографија на социјалните мрежи и му испрати порака на својот сопруг Филип Живојиновиќ.
„Пред 10 години почнавме како двајца. Денес сме четворица. Ти благодарам за 10-те најубави години“, напиша таа.
Ова е првпат нивната ќерка Арија, која се роди во септември оваа година, да се види на фотографијата.
View this post on Instagram
„Сонцето секогаш те грееше. Среќно во сè во твојот живот“, „О, Боже, прекрасна си“, „Прекрасна! Те сакаме“, се некои од коментарите на Инстаграм.
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ ја започнаа својата врска во 2015 година откако се среќаваа со години на разни настани, вклучувајќи ги и забавите организирани од Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ.
Српската пејачка претходно изјави дека ѝ се допаднал штом го запознала и дека чувствувала дека тоа може да биде љубов за цел живот.
Тие се венчаа во Белград во 2018 година, а српските медиуми објавија дека потрошиле дури 400.000 евра за организација на прославата. Во 2019 година го добија синот Александар.