Бритни Спирс на Инстаграм откри дека го сменила своето име.
Таа решила да го смени името, а напиша дека сега можеме да ја викаме Ксила.
Поранешната поп икона (42) ги сподели своите впечатоци од неодамнешниот одмор во обемна бизарна објава на Инстаграм.
Бритни тврди дека тешко го разбира мајчиниот јазик, англискиот и дека тоа се случило откако го сменила своето име на социјалните мрежи.
„Откако го сменив моето име во Ксила, имам проблеми со разбирањето на англискиот јазик“, напиша таа, а потоа додаде неколку впечатоци од одморот кои не се поврзани. „Одењето во теретана никогаш не е како што изгледа. Овој пат џвакав гума за џвакање и се шокирав од мојот одраз во огледалото, толку сум мала! Возев велосипед со пријател и се изгубив затоа што отидов предалеку. .. Потоа играв тенис“.
View this post on Instagram
И додека нејзиното име на Инстаграм сè уште е @Britni Spears, во описот на профилот пишува Xila Maria River Red, без никакво објаснување.