Познати

Еве како Анастасија ослабела 20 килограми: Со години јадела хамбургери и чипсови, а потоа пресекла – ова е тајната на нејзината витка линија

Еве како Анастасија ослабела 20 килограми: Со години јадела хамбургери и чипсови, а потоа пресекла – ова е тајната на нејзината витка линија

Анастасија Ражнатовиќ денес важи за една од најубавите пејачки на балканската јавна сцена. Таа има посебен режим на исхрана, а исто така редовно тренира.

Сепак, не беше секогаш така, па младата музичка ѕвезда имаше вишок килограми.

Процесот на слабеење, како што еднаш истакнала, траел 2,3 години, при што успеала да изгуби дури 20 килограми.

За време на пубертетот Анастасија ги „лечеше“ емоциите со храна, јадеше грицки, хамбургери и пиеше газирани пијалаци, сè додека не реши да стави крај на овој проблем.

– Процесот на слабеење траеше долго, две-три години. Оттогаш се плашам да се вратам на старите начини на исхрана. Затоа штом се здебелам, веднаш почнувам да внимавам што јадам – изјавила Анастасија за „Информер“.

– Ја елиминирав нездравата храна и се трудев да не прескокнувам оброци. Најмногу јадам готвени јадења, а рестораните за брза храна ги избегнувам – откри тогаш пејачката и додаде:

– Ако јадам нешто слатко, веднаш одам на тренинг за што побрзо да согорам калории. Клучот за добар изглед е дефинитивно во редовното вежбање.

Менито на Анастасија

Појадок: овесна каша со црвено овошје/јајца со зеленчук;

Ручек: бас и зелена салата;

Вечера: Напиток од тиква;

Анастасија советува и секогаш кога ќе почувствувате глад, да пиете чаша вода со лимон, за што побрзо да се чувствувате сити.

Најнови вести од Познати

To top