Денеска се навршува една година од смртта на Атина Апостолова, доајенката на македонската народна музика. Атина Апостолова почина на 7 март 2024 година, а родена е на 20 мај во 1946 година во Скопје, каде и дипломира на Економскиот факултет.
Нејзини познати песни се „Запејте мераклии“, „Цела вечер ќе ти пејам“, „Верувај ми“, „Усни румени“, „Те видов и се заљубив“, „Иле Илија“ и многу други.
Во кариерата реализираше турнеји во Австралија, во Канада и во Америка.
Во Австралија има настапувано со Круме Спасовски, Никола Бадев и Александар Сариевски. Имаше одлична соработка со Ванчо Тарабунов, со Ефто Пупиновски и со Милан Завков.
Во 2023 година на Фестивалот „Тумба Фест” во Куманово ја доби наградата за животно дело.