Силно низ целиот свет одекна веста во петокот доцна попладнето дека принцезата Кејт Мидлтон се бори со рак.
Принцезата во својот говор соопшти дека се прима хемотерапија и се бори со ракот откако во јануари и бил дијагностициран додека правела операција на абдоменот.
Таа видеото го снимаше во градината во Виндзор, а според пишувањата на британските медиуми тоа не било случајно одбрано место.
Во позадина во градината можат да се видат безброј жолти нарциси, цвеќето кое ја симболизира пролетта и новите почетоци, па затоа и ова цвеќе станало и симбол за болните од рак низ годините наназад.
View this post on Instagram
Според медиумите Кејт самата го обрала местото и времето кога ќе го сними видеото, а детаљот со нарцисите е нејзина порака за поддршка на сите кои поминуваат низ истата или слична ситуација како неа.
Принцезата својот емотивен говор го напишала сама, а нејзин пријател открил дека неа ја поттикнало да признае во јавноста поради големиот број на шпекулации од ден на ден низ минатиот период.