Во услови на пожари што сѐ уште беснеат во Лос Анџелес, сѐ повеќе разбојници се насочуваат кон празните куќи оставени без надзор. Во таа смисла, вилите на богатите се најмногу на удар, па за ова се огласи и холивудската ѕвезда Џулија Робертс.
Во многу области во американската метропола, алармите за пожар се исклучени бидејќи снемало струја. Полицијата не може лесно да пристапи до овие области поради опасност од пожар. Сепак, се соопштува дека досега се уапсени 30 лица под сомнение за поврзаност со грабежите. Властите само за вчера соопштија дека биле уапсени деветмина.
Иако Робертс во последната прилика се сосредоточи на помошта кон оние кои останаа без дом, во нејзината објава на Инстаграм, на крајот таа им се обрати и на ограбувачите, накратко: „FU Looters“ („Е**те се, пљачкаши“).
Нејзината објава доаѓа откако гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, го обвини Илон Маск за „охрабрување на грабежот“. Маск возврати дека Гевин го декриминализирал грабежот…
Џулија Робертс порано поседувала куќа во Малибу, но ја продала кога се преселила во Сан Франциско. После тоа, таа често беше видувана во Калифорнискиот Залив, но не се знае каде точно има свое живеалиште.
Како последица на пожарот, досега загинаа најмалку 24 лица, а 23 се водат како исчезнати. Прогнозите за наредните денови не ветуваат поволна состојба. Од вторник ќе дува засилен ветер, а експертите сметаат дека тоа би можело да биде една од причините за ширење на пожарот.