Георгина Родригез секојдневно привлекува внимание со своите објави на Инстаграм каде ја следат над 50 милиони луѓе. Меѓутоа, поради честото фалење со луксузниот начин на живот, скапиот накит и други модни додатоци, таа често е мета на критики.
Ова е случај и под последните фотографии на кои девојката на Кристијано Роналдо позира во јакна од Гучи, фармерки и бели чевли. Во описот таа напишала: „Среќна девојка“.
View this post on Instagram
„Те молам најди си стилист“, „Можеш да извадиш девојка од село, но селото никогаш не можеш да го извадиш од неа“, „Таа е убава жена, но допрва треба го открие својот стил“, „Таа навистина нема смисла за облекување“, „Ова изгледа очајно“, се само неколку од илјадниците коментари под објавата.
Самата Георгина во своето шоу на Нетфликс призна дека нема стилист бидејќи не ја познаваат и не знаат што сака. “Па што ако сакам да носам луксузен накит и спортски панталони. Така ми се допаѓа”, изјавила тогаш.