Познати Луксузниот модел „јагуар“ се продава за 121.000 евра

ЏИПОТ НА АРКАН ОД НЕГОВОТО УБИСТВО СТОИ НА ИСТО МЕСТО: Отиде со него да ја земе Цеца, а еве зашто никој не може да го продаде и по 23 години (ФОТО)

Џипот на Жељко Ражнатовиќ Аркан точно 23 години е паркиран пред семејната куќа на Дедиње, каде живее неговата вдовица Светлана Ражнатовиќ со нејзиното семејство.

ЏИПОТ НА АРКАН ОД НЕГОВОТО УБИСТВО СТОИ НА ИСТО МЕСТО: Отиде со него да ја земе Цеца, а еве зашто никој не може да го продаде и по 23 години (ФОТО)

Како што пренесуваат српските медиуми, блиндираниот автомобил се уште е предмет на оставинска постапка и затоа не може да се продава. Поранешниот бизнисмен и водач на паравоени формации го користел ова возило за да ја земе најголемата балканска музичка ѕвезда од нејзиниот семеен дом во Житораѓа и ја донесе во Белград на денот на нивната венчавка во 1995 година. Според зборовите на близок пријател, токму тој автомобил му бил омиленото превозно средство.

– Жељко, иако не е со нас повеќе од две децении, е вечен извор на фасцинација. До денес се зборува за него и има спротивставени мислења за неговиот живот пред смртта, но и сега има работи за кои се разговара. Веднаш спроти куќата се наоѓа паркингот каде стои возилото. Таму било донесено откако полицијата извршила детален преглед во 2000 година, кога бил убиен во хотел во Нов Белград. Оттогаш возилото не се поместило. Можам да ви кажам дека уживаше во возењето во него. Џипот е блиндиран, а како што гледате обичното стакло е испукано од стоење, иако можеби некој намерно го скршил. Во близина е стадионот Црвена звезда, има многу навивачи, па кој знае – вели пријател на семејството Ражнатовиќ.

FOTO: KURIR.RS

Инаку, и до ден денес е мистерија што се случило со богатството на Жељко Ражнатовиќ Аркан и во чии раце тоа завршило. По неговата смрт бил отворен тестамент кој го напишал во присуство на двајца пријатели и во кој оставил недвижен имот на децата кои ги има со четири различни сопруги. Поведено е и оставинско рочиште, а постапката до ден денес не е завршена. Покрај личниот имот, во оставинската постапка се вклучени и акциите на голема градежна компанија, за која медиумите веќе пишуваа. Вдовицата на Ражнатовиќ, Светлана, на рочиштето во 2018 година потврди дека имотот од оставинската постапка се уште се чека.

– Наследниот спор се уште трае, не е завршен ниту по повеќе од 12 години – изјави тогаш пејачката.

Луксузниот модел „јагуар“ се продава за 121.000 евра

Џипот на Аркан не бил единствениот во конвојот кога тој одел да ја земе својата идна сопруга Цеца во 1995 година. Меѓу автомобилите беше и познатиот Јагуар. Станува збор за специјален модел на оваа „маестрална“ лимузина, од кои во проширената верзија ширум светот ги има само 121. Сега е во сопственост на човек од Ваљевац, кој со гордост вели дека е единствениот во Европа, покрај службениците на Обединетото Кралство, кој има можност да се вози во овој луксузен автомобил. Неодамна приказната за оваа лимузина долга шест и пол метри повторно беше актуелна откако овој човек објави оглас за нејзина продажба, по вртоглава цена од 121.000 евра!

FOTO: Screenshot

 

To top