Актерката Џенифер Лоренс откри колку и било тешко да работи со Леонардо ди Каприо и Тимоти Шаламе.
Имено, 33-годишната актерка во „The Late Show with Stephen Colbert“ се потсети на снимањето на филмот „Don’t Look Up“, во кој глумеше со Леонардо ди Каприо и Тимоти Шаламе.
Потоа истакна дека за време на снимањето се чувствувала мизерно, а работата со овие актери ја оцени како пекол.
Иако Лоренс призна дека е интересно да се работи со нејзините колеги, вклучувајќи ги Мерил Стрип, Кејт Бланшет, Марк Рајланс, Роб Морган, Џона Хил и Тајлер Пери, таа истакна дека некои денови биле едноставно неподносливи.
Навраќајќи се на снимањето на популарниот филм, таа призна дека Ди Каприо и Шаламе ја полуделе.
-Тимоти беше само возбуден што беше надвор од куќата. Мислам дека тоа беше неговата прва сцена, а Леонардо избра песна што свиреше во автомобилот за која не можеше да престане да зборува. Само се сеќавам дека се чувствував мизерно тој ден. Беше пекол, рече таа.
Признала и дека поради колегата Џона Хил и било тешко да работи бидејќи често ги смеел на снимањето, па морале да повторуваат одредени сцени.
Филмот „Don’t Look Up“ е научно-фантастична комедија која беше објавена на Нетфликс во 2021 година. Лоренс и Ди Каприо глумат научници кои се обидуваат да ја предупредат светската популација за комета која планира да ја уништи Земјата.